Канје Вест смета дека „Форбс“ ја потценува неговата нето-вредност од 7 милијарди долари откако списанието го процени на 2 милијарди долари на нивната листа милијардери.
Според „Форбс“, неговата нето-вредност во реално време е 2 милијарди долари, но инсајдери тврдат за „Бласт“ дека богатството на Канје изнесува 7 милијарди долари.
Вест е една од неколкуте познати личности кои се појавија на „Форбс“ листата на милијардери. Тој ја следи Опра Винфри, чие богатство е проценето на 2.6 милијарди долари, додека неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан поседува 1.8 милијарди долари, според ET Canada.
„Бласт“ тврди дека на тимот на Вест однапред му било кажано за статијата и дека не се задоволни од начинот на кој e неговата вредност е внесена во статијата.
Покрај неверојатно успешната музичка кариера, Вест има повеќегодишен договор со Adidas преку својот бренд Yeezy („Јизи“), како дополнение на големиот договор со Gap. Тој произведува и дизајнира облека за оваа компанија.