Бродвејската претстава „Макбет“ е откажана до 8 април, откако во изминативе денови беа откриени позитивни резултати од тестот за Ковид кај ѕвездата Даниел Крејг. Првично, откажувањата на претставата важеа за попладневните и за вечерните настапи, како што беше објавено на Твитер профилот на продукцијата. Исто така, беше потврдено дека сите билети ќе бидат вратени на првобитното место на купување. Тоа важи и за настапите до 8 април.
„Им се извинуваме на сопствениците на билетите за непријатноста, но безбедноста на нашата публика, актерската екипа и техничкиот тим останува наш главен приоритет“, се вели во соопштението објавено на социјалните мрежи.
Даниел Крејг (54), актерот од сагата за Џејсм Бонд, во моментов е актуелен со познатата Бродвејска претстава „Магбет“, базирана на драмата на Вилијам Шекспир, во Њујорк со актерката Рут Нега покрај себе. Претставата требаше да се одржи во театарот „Лонгакре“.