Маркез не се сеќава на бруталниот инцидент во Индонезија

Шесткратниот Мото ГП шампион, Марк Маркез признава дека не се сеќава на хорор излетуваето во Индонезија по кое имаше проблеми со видот и паузираше една трка.

Асот на Хонда излета од својот мотоцикл на загревањето на патеката Мандалика, добивајќи потрес на мозокот, по што повторно имаше проблеми со диплопија (гледаше двојно), паузирајќи од Аргентинското ГП. Сепак, тој реши да се врати на мотоциклот на ГП на Америките во Остин, Тексас, иако треба да го помине медицинскиот тест.

„Искрено, не се сеќавам на многу работи, кога го видов видеото и фотографиите малку го вратив сеќавањето. Но, на чувството се сеќавам. Индонезиското ГП беше едно од најлошите во мојата кариера бидејќи премногу пати излетав. Но, тоа е во минатото, сега е време да ја вратам самодовербата на мотоциклот и за среќа уште сум тука“, вели Маркез.

 

Треба да знаете
Последни објави