Пари Сен-Жермен е последниот четвртфиналист од ЕХФ Лигата на шампионите, откако во реваншот против норвешкиот Елверум славеше висока 37:30 (20:14) победа.
За разлика од првиот меч на гости, кога Елверум во финишот стигна до реми (30:30), овојпат тимот на Раул Гонзалес беше супериорен од почетокот не дозволувајќи никаква шанса за изненадување. Камил Сипжак и поранешниот вардарец, Даинис Криштопанс беа најефикасни за ПСЖ со по седум постигнати голови, додека за Елверум, Каспер Торсен Лиен одговори со шест гола.
ПСЖ за место на Фајнал фор турнирот ќе се бори со Кил, додека во другите четврт-финални двобои се среќаваат Веспрем-Алборг, Монпелје-Кјелце и Флензбург-Барселона.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
Веспрем – Алборг
Монпелје – Кјелце
Пари Сен-Жермен – Кил
Флензбург – Барселона