Бразилската бомба Алесандра Амброзио беше фотографирана додека го бакнува своето момче Ричард Ли за време на нивниот пролетен одмор на островот Њу Провиденс на Бахамите.
Во видеото споделено на инстаграм-профилот на супермоделот, Ричард ја подига Алесандра – која следниот понеделник ќе наполни 41 година – во своите раце додека газат во тиркизните води на плажата Кејбл во Насау.
Ова живописно место е лоцирано надвор од „Баха мар резорт“, луксузен комплекс од 1.000 акри.
Водителката на Cut Brazil, која може да се пофали со 18,6 милиони следачи на социјалните мрежи, објавата на Инстаграм ја наслови: „Сите понекогаш се заљубуваат“.
Алесандра и нејзиниот сребрен лисец, како што го нарекуваат таблоидите, започнаа врска во декември 2020 година.