Таа е нашироко позната како кралица на попот.
Но, Мадона, исто така, е позната по тоа што често ги остава своите 17,8 милиони следачи на Инстаграм да ѝ завидуваат на нејзиниот изглед, особено во најновата објава на платформата за споделување фотографии.
Во средата, 63-годишната хитмејкерка го потврди нејзиниот деловен потфат со британската луксузна модна куќа „Барбери“.
„Врвна соработка помеѓу ‘Барбери’ и ‘Супејм’“ напиша таа во описот на објавата. Поп-кралицата позира во длабок корсет, искинати фармерки и „Бaрбери“ јакна во бебешко розова боја, што ја покажува однапред и одзади.
Покрај трите фотографии, Мадона го означи Рикардо Тиши, креативен директор на модната куќа. „Ти благодарам Рикардо @burberry………. оваа нова соработка е врв!“