„Вечерњи“ објави дека добиле потврда од тренерот на Татран Прешов Славко Голужа и ракометарот на Вардар, Анте Гаџа за смртта на ракометарот, но и за детали од ужасната ноќ.
„Страшно е тоа што се случи. Момчето не го познавав најдобро, знаевме да се поздравиме и да размениме неколку зборови кога игравме еден против друг. Постојат секакви приказни, па не знам што би кажал и која е вистината. Соиграчите во соблекувалната зборуваа дека го пронашла келнерка од локалот каде што се случило тоа, Денис лежел во тревата. Наводно таа повикала итна помош, но не знам“, кажал Гаџа за „Вечерњи“.