Познатата патека Хунгароринг во близина на Будимпешта викендов ќе биде место каде почнува новата сезона на Twingo Cup, тркачкасеријавокојанастапуваат и деветминамакедонскивозачи. Ова е трета сезона на Twingo Cup што се одржува во организација на Аутомотив Груп и АКК Рено Спорт Скопје.
Патеката во Унгарија е дел од 12-те трки што сезонава е планирано е да се возат на шест патеки во Европа. Покрај за Twingo Cup вокоеимазасега 33 пријавенивозачи, истите трки ќе се бодуваат и за FIA CEZ првенството, и за националните првенства на Словенија и на Македонија, а трофеи ќе им бидат доделени и на најдобрите во категоријата „Junior“ за возачи до 23 години, како и категоријата „Gentlemen“ за возачи над 40 години.
Веќе денеска, петок, се слободните тренинзи за сите 33 натпреварувачи колку што се пријавени сезонава во Twingo Cup. Утре, сабота е планирано да се возат квалификациите во траење од 25 минути по што ќе бидат одредени и стартните позиции за неделните трки. Во недела е планирано да се возат две трки, првата во 9,20 часот, а втората во 15,20 часот. Ќе се возат 25 минути.
“Хунгароринг е многу техничка патека. Во секој момент се спремаш за следниот свиок што доаѓа. Додека си во возило постојано доаѓаат свиоците и треба да бидеш подготвен. Треба да се внимава генерално да се избегне сериозен удар или инцидент. Да се биде трпелив, да се задржи сигурна позиција, да се игра тимски додека да дојде вистинскиот момент за напад и победа„, вели Давид Малинковски актуелниот првак во Twingo Cup.
Лани на Хунгароринг на двете трки во генерален пласман победија словенечки возачи, Ник Стефанчич и Матеј Ивануша. Од македонските возачи најдобри беа Мартин Костовски (прва трка) и Давид Малинковски (втора трка). Малинковски на втората трка за малку не успеа да стигне до пиедесталот заземајќи го четвртото место во генерален пласман во конкуренција на 22 возачи.
Покрај во Унгарија сезонава ќе се возат трки и на патеките Ред Бул Ринг во Австрија, на Гробник во Хрватска, кај Брно во Чешка, на Серез, Грција и на Монца Италија
Од пријавени се 33 возачи од шест држави во Twingo Cup, најбројни се оние од Словенија, а од Македонија ќе има девет возачи. Ќе има и возачи од Србија, Италија, Чешка и Австрија. Во првенството на Македонија ќе се борат девет возачи. Петмина се членови на АКК Рено Спорт Скопје, двајца се од Свифт рејсинг, и по еден член имаат АКК Проспорт и АКК Сити Скопје. Ќе има и двајца дебитанти кои ќе возат на познатите патеки во Европа заедно со другите натпреварувачи. Тоа се Борис Стојменов и Мурис Хамзиќ, кои ќе бидат во возила на AKK Рено Спорт Скопје.
Актуелен првак во Automotive Twingo Cup за 2021 година е Давид Малинковски кој лани освои 122 бода и победи на четири од вкупно осум трки, а шестпати беше на пиедесталот. Лани имаше петмина различни победници на трките од Twingo Cup.