Екипата околу 4 часот наутро добила повик за интервенција, по што пристигнала на местото на настанот пред ноќниот клуб „Привилиџ“, каде што Денис бил легнат на подот и помодрен.
„Екипата на Итната помош вчера рано наутро пристигна да интервенира, а тој беше легнат пред дискотеката и помодрен во лицето. Немало траги на насилство, а докторите констатирале ниска сатурација и слаб пулс. Лицето мирисало на алкохол, по што било однесено на Ургентниот центар“, изјавиле од Здравствениот дом за „НоваТВ“.
Извор: НоваТВ