Два поништени гола, пресврт и голема победа на Јувентус на Сицилија

Јувентус и натаму останува главен фаворит за топ четири пласман во Калчо лигата, откако вечерва оствари навистина драгоцена победа на гостувањето на Сардинија кое беше доста тешко и незгодно.

Натпреварот започна навистина лошо за гостите од Торино бидејќи Жоао Педро погоди за 1:0, а дополнителен шок беше тоа што беше поништен голот на Пелегрини поради бизарно движење на Рабио.

ВАР судиите проценија дека Французинот играл со рака и го поништија израмнувачкиот гол, но тоа не беше случај пред крајот на првиот дел кога најснаодлив беше Де Лихт.

Холанѓанецот постигна гол за 1:1, а потоа Јувентус имаше цело второ полувреме да брка пресрврт, до што и стигна после доста мака и неколку нереализирани шанси.

Упорниот Душан Влаховиќ претвори во гол едно додавање од Пауло Дибала во 75-та минута, што се покажа како клучно за победата на Јувентус.

Треба да знаете
Последни објави