Актуелниот италијански првак Интер ја запиша 19-та победа и тоа после брзопотезните два гола за седум минути во првите половина час од мечот со Верона (2-0), по што бодовно се израмни со Наполи, а дојде на еден од лидерот Милан по ова 32. коло во Серија А.
Две асистенции на хрватската ѕвезда Иван Перишиќ во 22-та минута за водство со гол на Николо Барела, па во 30-та за погодок на Един Џеко, го решија мечот, по што „нераѕурите“ до крајот само рутински го приведоа мечот и запишаа победа, втора во низа, за да фатат завршен залет кон нова шампионска титула.
Интер после ова коло, без оглед како ќе завршат исходите на мечевите на директните конкуренти Милан и Наполи, ќе има меч помалку, одложениот со Болоња, за кој миланскиот великан бара службена победа во хаотичниот период зимоска со ковид-19, кога дојдоа на „Ренато Дал’Ара“, но домаќините не се појавија зашто здравствените власти ги ставија во изолација поради бројни позитивни членови на тимот.
Верона со 11-от пораз сезонава остана на 45 бода и деветото место.