Пол позиција за Леклер во Мелбурн

Лидерот во генералниот поредок, пилотот на Ферари, Шарл Леклер ќе тргне од најдобрата стартна позиција на утрешната трка за големата награда на Австралија во Мелбурн откако оствари најдобар резултат на официјалниот тренинг.

Со него во првиот стартен ред ќе биде возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен кој имаше второ квалификациско време.

Трет резултат постигна Серхио Перез, а вториот ред ќе го пополни Ландо Норис.

Луис Хамилтон имаше петти резултат во квалификациите. Трката утре наутро ќе се вози во 8 часот по средноевропско време.

Најбрзиот круг во третата квалификациска сесија, Леклер го извозе во време од 1:17.868 минути, додека Ферстапен заостана за 286 илјадити делови од секундата. Заостаток под една секунда имаа уште и Перес, Норис и Хамилтон.

Шестото место му припадна на вториот возач на Мерцедес, Џорџ Расел, Даниел Рикиардо беше седми, Естебан Окон осми, а Карлос Саинс деветти. Во третата квалификациска сесија Фернандо Алонсо имаше големи проблеми со болидот, му откажа хидрауликата и не успеа да го извозе ниту еден круг, и утрешната трка ќе ја започне од десеттото место.

Треба да знаете
Последни објави