Фудбалерите на Челси ги излечија сите фрустрации по поразот од Реал Мадрид во Лигата на шампионите совладувајќи го на гостински терен Саутемптон со убедливи 0-6.
Стрелци на головите за „сините“ од Лондон Маунт и Вернер на два пати и по еднаш Алонсо и Хаверц.
Арсенал беше шокатно поразен на домашен терен од Брајтон со 1-2. Тросард во 28. минута донесе водство од 0-1 за гостите, а на 0-2 зголеми Мвепу во 67. минута. Конечните 1-2 ги постави Одегард во 89. минута.
Во последниот натпревар од 16 часот Лидс славеше на гостувањето кај Вотфорд со 0-3.
Тотнем ја растури Астон Вила среде Битмингем и ја запиша четвртата победа по ред со вечерашниот триумф со 4-0, за да дојде повторно на позицијата за Лигата на шампионите, искористувајќи го максимално големиот кикс на најлутиот ривал Арсенал во таа битка за место во европската елита.
Тотнем со меч повеќе од Арсенал дојде до 57 бода, три повеќе од „топчиите“, а блескаше јужнокорејската ѕвезда Сон, кој даде хет-трик, а две асистенции запиша првата ѕвезда Хери Кејн.
Сон уште по три минути ја најави победата, а потоа во вториот дел Дејан Кулуштевки и Јужнокореецот во 50-та и 66-та ја обезбедија победата, за на 19 минути пред крајот Сон да комплетира хет-трик на асистенција на Кулушевски за исклучително важната победа.
Астон Вила со 17-от пораз остана на 36 бода, но во сигурната зона, 12 повеќе од најблискиот ривал од зоната за испаѓање Барнли.