Четирите натпревари од НБА лигата кои што се одиграа изминатата ноќ минаа според планот на фаворитите. Филаделфија 76-ерс предводена од Џоел Ембид кој даде 41 и Џејмс Харден кој постигна 22 поени, ги победи Индијана пејсерс со 133:120.
Со овие 41 поен, Ембид сега има во просек над 30 поени по натпревар со што стана првиот центар во НБА лигата по Мозес Малон кој во 1981-82 сезона бележел просек по 31.1 поен по меч.
Точно на полноќ стартуваше средбата меѓу Мемфис гризлис и Њу Орленс пеликанс која што исто така убадливо им припадна на домаќините со 141:114 а најефикасен беше Дилион Брукс со 23 поени. За Гризлис по долга пауза заигра првата ѕвезда, Џа Морант кој постигна 21 кош, на кои додаде 9 асистенции и четири скока.
Единстената радост на гостите ја донесе Голден Стејт ворирорс кој што без најголемите свои ѕвезди го победи Сан Антонио спарс со 94:100. Највеќе поени постигна Лони Вокер (24) од Сан Антонио.
Пол Џорџ со 23 поени одигра уште една добра партија за Лос Анџелес клиперс кои го совладаа Сакраменто кингс со 117:98 и во добра форма ќе влезат во плеј ин турнирот.
Да напоменеме и дека 16-та техничка грешка на Лука Дончиќ сезонава, која ја заработи поради „континуирани приговори“ на завчерашниот меч со Портланд, беше поништена, со што беше поништена суспензијата на еден натпревар.