Притвор за осомничените за смртта на ракометарот Денис Тот

Дечкото и девојката кои беа уапсени поради физички напад врз хрватскиот ракометар Денис Тот добија 30-дневен притвор, потври кривичниот суд во Скопје.

Уапсените А.К. (22) и К.Л. (19) биле фатени на безбедносните камери од „Сејф Сити“ како го напаѓаат Тот, кој не пружа никаков отпор, а откако обдукцискиот наод покажал дека ракометарот починал од здобиените повреди при физичкиот напад, сега кривичниот суд им одреди притвор на двајцата.

„Постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје, судија на претходна постапка донесе решение да го прифати предлогот на обвинителството и на двајцата приведени им одреди мерка притвор, заради постоење опасност од бегство и можност да влијаат и да ја попречат истрагата“, соопштија од Кривичен суд Скопје.

МВР, пак, вчера објави дека трага по трето лице, кое е прво осомничено А.Ѓ (28) кое е во бегство и моментно е недостапно за органите на прогонот, исто така вмешано во физичкиот напад со смртни последици.

Тот почина за 24 часа откако во КАРИЛ во тешка состојба бил примен со ниска сатурација и без срцева реакција, а после неколку обиди да му се спаси животот, подлегнал на повредите.

Треба да знаете
Последни објави