Ракометната федерација на Македонија за дополнитлно да ја стимулира најдобрата машка репрезентација во пресрет на бараж-двомечот за пласман на СП-2023 против Чешка, одлучила за обезбеден пласман на завршницата „црвено-жолтите“ да ги награди со 50.000 евра. Одлуката за паричната награда ја донел Управниот одбор на РФМ во пресрет на решавачките натпревари.
