Дополнителна стимулација за македонските ракометари со премија од 50.000 евра

Ракометната федерација на Македонија за дополнитлно да ја стимулира најдобрата машка репрезентација во пресрет на бараж-двомечот за пласман на СП-2023 против Чешка, одлучила за обезбеден пласман на завршницата „црвено-жолтите“ да ги награди со 50.000 евра. Одлуката за паричната награда ја донел Управниот одбор на РФМ во пресрет на решавачките натпревари.

Првиот натпревар против Чешка македонските ракометари ќе го одиграат в среда на гости во Злин, а реваншот е в недела во Скопје, во салата на СЦ „Борис Трајковски“. Поуспешниот од двомечот ќе обезбеди настап на СП кое на почетокот од идната година ќе се одржи во Полска и Шведска.

 

Треба да знаете
Последни објави