Со одиграните последни 15 натпревари од лигашкиот дел во најсилната кошаркарска лига во светот – НБА, познати се двојките за натпреварите во плеј-оф и плеј-ин разигрувањето. Според системот на натпреварување, најпрво треба да се одиграат дуелите во т.н. плеј-ин во кој се натпреваруваат тимовите од 7. до 10. место во двете Конференции.
Плеј-ин натпреварите ќе се одржат од 12 до 15 април кои ќе ги дадат последните четири учесници во НБА плеј-офот, кој ќе стартува в сабота.
ПЛЕЈ-ИН двојки:
Источна конференција:Бруклин – Кливленд, Атланта – Шарлот
Западна конференција: Минесота – ЛА Клиперс, Њу Орлеанс – Сан Антонио
ПЛЕЈ-ОФ двојки:
Западна конференција:
Феникс (1) -? (8)
Мемфис (2) -? (7)
Голден Стејт (3) – Денвер (6)
Далас (4) – Јута (5)
Источна конференција:
Мајами (1) -? (8)
Бостон (2) -? (7)
Милвоки (3) – Чикаго (6)
Филаделфија (4) – Торонто (5)