Дејвид Бекам му подари на синот Јагуар од 350.000 фунти за неговата венчавка

Има свадбени подароци, и има оригинални свадбени подароци, а Дејвид Бекам им подари на својот син Бруклин и новата снаа Никол Пелц електричен Јагуар од 350.000 фунти (622.400 американски долари) откако парот се венчаше изминатиов викенд.

Бруклин (23) и Никол Пелц (27) го врзаа јазолот во саботата. Гламурозната церемонија се одржа на луксузниот имот на семејството на Никол во Палм Бич, Флорида.

Бекамови, фудбалската легенда Дејвид и модната дизајнерка Викторија, беа видени како се возат во луксузното возило, а во неделата наутро, младоженецот и невестата отидоа на ручек со новиот автомобил.

Прекрасниот Jaguar XK140 во бебешко-сина боја е целосно електричен и специјално го нарача Бекам. Комплетниот тим на компанијата од 120 луѓе работи на овој автомобил во „Луназ“ во Силверстон, Англија.

Секој клиент што купува од „Луназ“ може да ја именува уникатната боја што ја сака за својот автомобил, но Бекамови избрале да го задржат во тајност името на бојата што ја избрале.

 

Треба да знаете
Последни објави