Пожарот на Градскиот страдион во Тетово пеплоса и поголем дел од столчињата на трибините

Големиот пожар кој доцна синоќа избувнал во дуќаните сместени под трибините на Градскиот стадион во Тетово, пеплосал и голем дел од столчињата на трибината под која се наоѓале локалите. Противпожарната единица во Тетово повеќе од еден час со четири возила и девет пожарникари се борела да ги локализире пламените јазици.

-Изгореа и дел од столчињата на стадионот. На почеток бевме доведени во опасност поради кратки споеви и експлозии предизвикани од протокот на струја. Бевме спречени еднаш да интервенираме и тоа го сторивме откако беше исклучена струјата. Со употреба на пена спречивме понатамошно прошириување на огнот, изјави Ука Алити командирот на противпожарната бригада по локализирањето на пожарот.

Треба да знаете
Последни објави