Челси водеше и 3:0, но Реал оди во полуфинале

Европа ќе добие нов шампион, откако вечерва Челси испушти голема шанса да се избори за полуфинале, и да се обиде да го одбрани трофејот.

Мејсон Маунт уште во првото полувреме ги донесе Челси до водство од 0:1, за да му му асистира на Антонио Ридигер за 0:2 на почетокот на второто полувреме, резултат со кој се „поништи“ предноста на Реал.

Тимот на Томас Тухел покажа дека не случајно лани стана европски шампион со одлична игра и голот на Тибо Куртоа постојано беше во опасност. Маркос Алонсо даде уште еден гол, кој беше поништен поради игра со рака, пред Тимо Вернер во 76. минута да зголеми на 0:3, резултат за елиминација на 13-кратниот европски шампион. Но, тогаш на сцена стапи 36-годишниот Лука Модриќ, кој имаше совршена асистенција до Родриго, кој само што беше внесен во игра, за 1:3 и приморување на продолженија.

Лондонските „сини“ имаа 0-3 во регуларниот дел, но Родриго во 89. минута намали на 1-3, и го врати Реал во живот. Потоа натпреварот замина во продолженија.

Карим Бензема, а кој друг? Моментално најдобриот напаѓач во светот со гол во 96. минута го донесе Реал блиску до пласман во полуфиналето. По една грешка на средината на теренот, Винициус проби по левата страна, центрираше до Бензема, кој со глава го совлада Менди за 2-3, во тие мигови резултат кој целосно им одговараше на „кралевите“.

Челси и во продолженијата имаа за што да жалат, затоа што Каи Хаверц пропушти добра можност во 118 минута, а прилика имаше и Зијеш, која не ја искористи. Така ова беше пораз „кој не боли“ за Реал Мадрид, за пласман во полуфиналето.

Реал Мадрид ќе го чека подобриот од дуелот Манчестер Сити – Атлетико. Сити има предност од 1-0 по првиот меч. Во вториот натпревар денеска, Вилјареал сензационално го елиминираше Баерн Минхен.

Треба да знаете
Последни објави