Денеска во салата СЦ ,,Јане Сандански” се одржа прес-конференција во пресрет на утрешниот натпревар помеѓу КК „МЗТ Скопје Аеродром“ и црногорскиот ривал „Сутјеска“, што претставува важен натпревар за патот на МЗТ Скопје кон АБА1 лигата.
Натпреварот ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 18:00 часот. Градоначалникот Тимчо Муцунски ги повика сите љубители на клубот и кошарката да дојдат на трибините и да ги бодрат играчите на патот кон АБА1.
,,Огромно е задоволството да се биде организатор на завршниот турнир од АБА2, кој е одлична можност нашиот МЗТ Скопје како и општина Аеродром да се покажат како добри домаќини. Овој турнир е од хуманитарна природа, средствата од продадените билети ќе бидат наменети за фондацијата ‘Марко Божиновски’ која потоа ќе ги пренамени на тие што им се потребни. Очекувам одлична спортска атмосфера и полни трибини. Благодарност за помошта на Град Скопје и АБА 2-лига, која ни ја довери организацијата. Како човек кој израснал со МЗТ Скопје најискрено се надевам на финале во недела и пласман на нашиот клуб во АБА 1“, изјави градоначалникот Муцунски.
„МЗТ Скопје Аеродром“ изминатиот период покажа одлични резултати, а нашите кошаркари интензивно се подготвуваа за повторно враќање на врвот.