Нов удар за Ѓоковиќ: Србинот поразен на стартот на Монте Карло

Новак Ѓоковиќ се врати на терените по месец и половина и во првиот настап и поразот од Јиржи Весели, но доживеа нов удар.

Шпанскиот репрезентативец Александро Давидович Фокина, 46. на АТП-листата, го изненади и го исфрли првиот светски тенисер од турнирот во Монте Карло. Мечот заврши со 2:1 во сетови (6:3, 6:7 (5), 6:1) по речиси три часа игра.

Србинот имаше лошо отворање на овој меч и само во првиот сет три пати го загуби сервисот, додека само еднаш успеа да му го одземе почетниот удар на Давидович.

Ниту во продолжението од мечот не му одеше најдобро на Ѓоковиќ. Неговиот противник веднаш избега на 0-3 на отворањето на вториот сет со одземен еден сервис. Новак се врати во петтиот гем, Фокина зададе нов удар во шестиот, а српскиот тенисер ја врати надежта во седмиот гем.

Во деветтиот гем Давидович по трет пат го загуби сервисот во вториот сет, но веќе во 10. возврати со иста мера. Вториот сет отиде во тај-брејк во кој по голема битка Ѓоковиќ успеа да ја добие решавачката серија.

Сепак, тоа беше само краткотраен блесок на српскиот играч: во третиот сет го загуби сервисот во првиот гем, потоа во петтиот и на крајот во седмиот гем, па Давидович Фокина ја постигна една од најзвучните победи во кариерата.

Треба да знаете
Последни објави