Големиот пожар кој доцна синоќа избувнал во дуќаните сместени под трибините на Градскиот стадион во Тетово, пеплосал и голем дел од столчињата на трибината под која се наоѓале локалите. Противпожарната единица во Тетово повеќе од еден час со четири возила и девет пожарникари се борела да ги локализире пламените јазици.
-Изгореа и дел од столчињата на стадионот. На почеток бевме доведени во опасност поради кратки споеви и експлозии предизвикани од протокот на струја. Бевме спречени еднаш да интервенираме и тоа го сторивме откако беше исклучена струјата. Со употреба на пена спречивме понатамошно прошириување на огнот, изјави Ука Алити командирот на противпожарната бригада по локализирањето на пожарот.