Првите два реванш натпревари од четвртфиналето во фудбалската Лига на шампионите на УЕФА, вечерва (21 ч.) ќе ги дадат првите патници во полуфиналето од елитното натпреварување. Гермнскиот Баерн Минхен на „Алијан Арената“ го пречекува шпанскиот Вилјареал, а актуелниот првак Челзи ќе гостува на „Сантијаго Бернабеу“ кај најтрофејниот со европски круни Реал Мадрид . По првите деведесет минути одиграни изминатат недела бундеслигашот има изненадувачка негатива од еден гол (0:1), додека „кралевите“ со убедливи (3:1) ќе треба да ја дозавршат успешно започната мисија во походот кон нов трофеј на „Стремфорд Бриџ“ во која главната улога ја одигра Карим Бензема со постигнатиот-хет-трик.
Изненадување беше поразот на Баерн Минхен на гостувањето на „Естадио де ла серамика“ па сега бундеслигашот е под притисок како да се скрши отпорот на шпнаскиот тим и да му се наплати со камата. Според тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман, неговите избраници се подготвени за добра фудбалска партија.
-Виљареал можеби беше под притисок на првиот натпревар, но сега можеби улогите се сменети. Човечки е, успесите доаѓаат под притисок Ќе настојуване да ја вратиме топката во свој посед. Треба да бидеме подобри. Оваа сезона забележавме добри резултати на најважните натпревари, го сакаме тоа и на овој меч, порача Нагелсман во пресрет на вечерашниот меч.