Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд (21) летово би можел да ја напушти Борусија Дортмунд и да се пресели во Манчестер Сити во трансфер вреден 300 милиони евра, пренесуваат италијанските медиуми.
Се тврди дека Сити на Борусија би ѝ платил 75 милиони евра обештетување, норвешкиот напаѓач би добил 150 милиони евра за петгодишен договор, додека на агентот на Халанд, Мина Раиоли би му биле платени дури 70 милиони евра провизија.
Веста ја објави реномираниот италијански новинар Џанлука Димарцио кој тврди дека „Граѓаните“ веќе доставиле понуда до Борусија, Халанд и неговиот менаџер.
Халанд пристигна во Борусија во декември 2019 година од РБ Салцбург за 20 милиони евра, а за клубот од Дортмунд постигна 80 гола на 84 настапи.
Се шпекулираше дека за „норвешкото чудо“ е заинтересиран и Реал Мадрид, но од „Кралскиот клуб“ доаѓаат сигнали дека приоритет им е Килијан Мбапе.