Италијанското обвинителство побара парични казни и суспензии за фудбалските калчолигаши Јувентус и Наполи и нивните челни луѓе поради прикажиување на лажни финасиски податоци при направени трансфери на играчи. Поради ова покренат е судски процес, а на тапет се и екипите на Џенова, Сампдорија и Емполи.
За Јувентус и Наполи како и челните луѓе на овие екипи на првото сослушување федералниот обвинител побара големи финансиски казни за клубовите и забрана за работење во фудбалот на луѓе од нивните раковдства. Како што пренесува „Газета“, обвинителот барал казна од 800.000 евра за Јувентус, и суспензија од една година за Андреа Ањели, шест месеци за Федерико Керубини, како и осум месеци за Павел Недвер и Маруцио Арибабаен. За некогашниот спортски директор на „старата дама“ Фабио Патрицио кој сега е ангажиран во англискиот Тотенхем се бара суспензија од 16 месеци.
За Наполи е побарана казна од 329.000 евра, и суспензија од 11 месеци за претседателот Аурелио Де Лаурентис.