Нема да има никакви најави кога и каде ќе се венчаат. Тие само ќе го направат тоа и потоа ќе објават, извор близок до парот изјави за „Пејџ сикс“.
Бен и Џенифер, познати во медиумите како „Бенифер“, првпат се свршија во 2002 година, но се разделија две години подоцна, пред повторно да се поврзат минатата година.
Во 2002 година тие се соочија со невиден медиумски интерес. Тие дури мораа да ја одложат својата прва планирана венчавка во 2003 година, откако беа принудени да одат толку далеку што размислуваа да имаат „невести мамки“.
Еден ден пред свадбата тие соопштија: „Поради преголемото медиумско внимание околу нашата венчавка, решивме да го одложиме датумот.“
„Кога сериозно размислуваме да ангажираме три одделни ‘невести мамки“ на три различни локации, сфативме дека нешто не е во ред. Почнавме да чувствуваме дека духот на она што требаше да биде најсреќниот ден во нашиот живот може да биде компромитиран“.
Според изворот на „Пејџ сикс“, овојпат тие не ризикуваат веста за свадбата да протече во весниците и кај папараците.
„Пријателите ќе бидат поканети на нешто како роденден, а потоа ќе испадне дека е свадба и ќе се венчаат пред околу 30, 40 луѓе“, вели изворот, додавајќи дека Лопез – која ја раскина свршувачката со Алекс Родригез пред да ја обнови романсата со Афлек- овој пат нема да дозволи работите да излезат вон контрола.