Клучна за триумфот на „мрежичките“ беше првата четвртина, која ја добија со 40-20, поради што потоа можеа да си дозволат луксуз да ги загубат следните три периоди и пак да победат. Кајри Ирвинг со 34 поени беше најдобар кај Бруклин, кој во првото коло од плејофот ќе ги одмери силите со Бостон селтикс во серија што почнува в недела.
Меѓу најдобрите осум екипи на Западот, пак, се најде Минесота тимбервулфс, која го доби плејин-мечот против ЛА Клиперс (109-104). Ентони Едвардс со 30 поени беше најдобар кај „волците“, кои се изборија за плејоф-пресметка со Мемфис гризлис. „Клиперси“, пак, имаат уште една шанса за место во доигрувањето и тоа против подобриот од утрешниот дуел помеѓу Њу Орлеанс пеликанс и Сан Антонио спарс.