Раководството на Голден стејт сака во својот тим да го доведе центарот на Јута, Руди Гобер.
Гобер не е во добри односи со своите соиграчи, особено во првата ѕвезда Донован Мичел, иако тимот на Јута на Французинот му даде договор од 205 милиони долари за пет години. Затоа, Јута е подготвена да го трејдува Гобер во составот на „воините“.
Голден стејт веројатно би морал добро да му плати на Гобер за тој трејд, а воедно во спротивна насока би заминале Ендрју Вигинс и Џејмс Вајсман.