Ѓоргиев и Младеновиќ отпаднаа, Лазаров го одреди составот за дуелот со Чешка

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва ќе и гостува на Чешка во првиот натпревар од бараж двомечот за пласман на Светското првенство кое следната година ќе се игра во Полска и Шведска.

Селекторот, Лазаров ги одбра 16 ракометари кои ќе настапат на денешниот меч во Злин. Од ракометарите кои заминаа во Чешка, на трибините ќе останат Михајло Младеновиќ и Игор Ѓорѓиев.

Натпреварот меѓу Чешка и Македонија кој ќе се игра „Датарт“ во Злин е закажан за 20.15 часот.

 

Треба да знаете
Последни објави