МЗТ Скопје ја „преплива“ Сутјеска на патот кон елитата во АБА лигата

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром помогнат од своите навивчи во салата „Јане Сандански“  на завршниот турнир од регионалната АБА 2 лига, го совлада тимот на Сутјеска 73-68 (22-19, 18-16,13-15, 20-18 ) и се пласира во полуфиналето. Победникот од овој завршен турнир ќе обезбеди пласман во елитното регионално натпреварување. МЗТ Скопје како домаќин на завршницата и најдобропласиран по лигашкиот дел ги истакна своите амбиции да се врати во елитното друштво од АБА лигата, за што ја има и фавортската улога на овој собир.

МЗТ Скопје ги доби првите две четвртини против Сутјеска, но имаше криза во третиот дел од мечот. Скопјани брзо се созедоа, се вратија на висина на задачата и го доби овој натпревар. Кристијан Николов со 17 поени беше најдобар поединец во победничкиот тим, Војдан Стојановски уфрли 15, додека кај гостите, Спасојевиќ и Томашевиќ постигнаа по 13 поени. Противник на МЗТ Скопје во полуфиналето ќе биде подобриот од последниот четвртфинален дуел меѓу Широки Бријег и Спарс кој се игра вечерва со почеток во 21 часот.

Претходно, во денешните први два натпревари во „Јане Сандански“ пласман во полуфиналето обезбедија Борац Бања Лука совладувајќи го Младост Земун (80:79) и Златибој кој беше поуспешен од Хелиос (84:82).

Треба да знаете
Последни објави