Тренерот на Барселона, Чави, ги спореди англиската Премиер лигата и шпанската Ла Лига во текот на четвртфиналните средби во тековната фудбалска сезона. Синоќа шпанските Реал Мадрид и Виљареал, ги елиминираа премиерлигашот Челзи, односно бундеслигашот Баерн и се пласираа во полуфиналето на елитното фудбалско натпреварување.
– Вчерашните настани докажуваат дека Ла Лига не е толку далеку зад англиската Премиер лига. Напротив, Шпанското првенство секогаш ќе остане силно. Ги гледав двата натпревара. Јас сум фудбалски љубител. Впрочем, крајната цел на Барселона е враќање во Лигата на шампионите. Што се однесува до Виљареал, сега може да се смета за голем клуб, нели? Тој треба да биде вклучен во списокот на големи клубови, изјави Чави.
Вечер (почеток 21 часот) уште еден шпански клуб има шанса да се пласира во големата четворка. Во Мадрид, Атлетико го пречекува Манчестер сити. Англичаните на првиот натпревар победија со 1:0.