Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром во полуфиналето од завршниот турнир во регионалната АБА 2 лига ќе игра против Широки Бријег, кој во последниот четвртфинален меч на турнирот во салата „Јане Сандански“ го совлада Спарс со 85-81.
Натпреварот меѓу МЗТ Скопје и Широки се игра в петок со почеток од 21 часот. Претходно, од 18 часот се игра првото полуфинале во кое се среќаваат екипите на Борац и Златибор.
Победникот на завршниот турнир во Скопје ќе обезбеди пласман идната сезона во елитната регионална конкуренција од АБА лигата.