Последниот европски учесник на СП2022 ќе биде познат на 5 јуни

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ги одреди денеска датумите за преостанатите два квалификациски натпревари по кои ќе биде позната последната европската репрезентација која ќе избори пласман на Светското првенство од 21 ноември до 18 декември во Катар.

Во полуфиналниот бараж на 1 јуни во Глазгов ќе играат Шкотска и Украина, а победникот на 5 јуни во Кардиф ќе игра против Велс за последната европска виза за Мундијалот.

Полуфиналните натпревари требаше да се одиграат во март, но шкотско – украинскиот дуел беше одложен поради руската инвазија врз Украина.

Во второто полуфинале, Велс ја совлада Австрија со 2-1.

Треба да знаете
Последни објави