Поранешниот светски тениски рекет број 3, Стен Вавринка се повлече од Мастерсот во Мадрид, кој започнува на 1 мај.
Швајцарецот не е задоволен од својата физичка подготовка и сака да се концентрира на тренинзите пред настапите во Рим, Женева и во Париз на „Ролан Гарос”.
Трикратниот грен слем шампион беше една година надвор од терените поради проблеми со стапалото.
Во првите два меча по враќањето, Вавринка доживеа два пораза.