Холева: Ќе победиме во Скопје и ќе се пласираме на СП

Ракометната репрезентација на Чешка не ја искористи предноста на домашниот терен во Злин против Македонија во првиот бараж натпревар за пласман на СП-2023. Чешка во последните десетина секунди успеа да избегне пораз (24:24), па во пресрет на неделниот реванш во Скопје  испраќаат пораки дека пропуштената шанса во Злин ќе ја надоместат со победа и пласман на мундијалот во Шведска и Полска, во салата во СЦ „Борис Трајковски“.

Чешка се враќа психолошки иако во текот на речи целиот натпреавр бркаше негатива, која во еден момент изнесуваше и седум гола предност за Македонија (17:10).

-Натпреаврот беше тежок, губевме со седум разлика на стартот на второто полувреме, ама успеавме да се избориме за реми. Бев нервозен на почетокот, ама како што одминуваше мечот таа исчезна. Уживав во натпреварот и кога измранивме тоа беше одлично. Ова беше најголемо искуство во кариерата. Како играч никогаш немам доживеано ваква атмосфера, беше одлично и се надевам ќе играм на уште многу вакви натпревари. Очекуваме да победиме во Скопје и да се пласираме на СП, порача Матијас Холева, младото крило на Чешка.

 

Треба да знаете
Последни објави