Адеми не жали што се одлучил да настапува за Македонија

Капитенот на повеќекратниот хрватски фудбалски првак Динамо Загреб, Аријан Адеми е стандарден репрезентативец на Македонија од 2014 година откако одлучи да го облече „црвено-жолтиот“ дрес. Адеми во разговор со хрватските медиуми меѓу другото порача дека никогаш не зажалил што во изборот на државниот дрес ја одбрал токму македонската репрезентација, иако имал можност да биде дел и од „коцкестите“.

-Кога бев мал честопати одев во Македонија и кога дојде повикот за репрезентацијата немав проблем да го прифатам. Никогаш не сум зажалил за таа моја одлука, напротив, сметам дека ја донесов вистинската и на крај се покажа како супер. За мене тоа е правиот пат. Свесен сум дека често се бара виновникот зошто е заиграв за Хрватска, вели Адеми.

Треба да знаете
Последни објави