РБ Лајпциг го продолжува европското патување оваа сезона.
РБ Лајпциг по втор пат во историјата на клубот и првпат во Лига Европа ќе игра во полуфиналето на европското клупско натпреварување.
По ремито 1:1 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа против Аталанта со резултат 1:1, германскиот тим вечерва одигра одличен натпревар и славеше во реваншот со 0:2.
Головите за РБ Лајпциг ги постигна Нкунку во 18. минута на асистенција на Лајмер, а истиот играч погоди од пенал во 87. минута за 0:2.
РБ Лајпциг во полуфиналето го чека подобриот од дуелот Брага-Ренџерс и ќе има добра можност да го добие првото финале од европското натпреварување во клупската историја.
Тие вечерва уште еднаш докажаа дека прераснаа во сериозен клуб достоен за врвот на европскиот фудбал. Од друга страна, Аталанта пропушти уште една можност да стигне до самиот финиш на европското клупско натпреварување.