Костадинов ќе се рехабилитира од повредата шест месеци

Полскиот фудбалски прволигаш Пјаст Гливице потврди денеска дека повредата на  македонскиот репрезентативец од нивните редови Тихомир Костадинов е од сериозен карактер и процесот на рехабилитација ќе трае најмалку шест месеци.

– Тихомир се подготвува за оперативен зафат што ќе му биде извршен идната недела, по што ќе следува рехабилитација од пауза од најмалку шест месеци, соопшти клупскиот лекар на полскиот прволигаш.

Костадинов се повреди во саботата на првенствениот натпревар против Лечна, откако влезе на теренот на стартот на второто полувреме, а принудно беше заменет во 77 минута.

Медицинските прегледи утврдија дека станува збор за кинење на вкрстените лигаменти на десното колено, поради што Костадинов нема да му биде на располагање на селекторот Благоја Милевски за стартот на Лигата на нации и јунските дуели против Бугарија, Гибралтар и Грузија.

Треба да знаете
Последни објави