Легендарниот поранешен колумбиски фудбалски репрезентативец, Фреди Ринкон утринава ја загуби битката за животот по страшната сообраќајна несреќа во родниот град Вајл де Каучи. Ринкон неколкудена се бореже за живот во болница касде беше хоспитализиран по несреќата.
Ринкон почина на 55 годишна возраст и беше офанзивен фудбалер за врска, а во кариерата играше за италијански Наполи и најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид, а настапуваше за Санта Фе, Америка Кали, Палмеираш, Коринтијанс, Сантош и Крузеиро.
За Колумбија одигра 84 меча, даде 17 гола, настапи на вкупно три Светски првенства.
Ринкон настрада во сообраќајната несреќа откако со автомобилот со голема брзина поминал на црвено, а во спротивен правец на него налетал автобус.