Ѓоргиев потпиша нов двегодишен договор со АЦХ Волеј Љубљана

Еден од најдобрите македонски одбојкар, капитенот на репрезентацијата Никола Ѓоргиев потпиша нов двегодишен договор со АЦХ Волеј Љубљана каде пристигна на почетокот од сезоната, а се покажа како големо засилување за тимот.

-Среќен сум што го продолжувам договорот. Организацијата во клубот е феноменална, посветени сме на остварување на нашите цели. Досега не сум бил во подобар клуб од Љубљана, вели Ѓоргиев.

Во својата играчка кариерата Ѓоргиев има настапувано за ЏИО Струмица, Раднички Крагуевац, Волеј Форли, Париз Волеј, Тореј Ероуз, ОНИКО Варшава, Фридрисхафен и Осака Б. Сакаи.

Треба да знаете
Последни објави