Германскиот фудбалски бундеслигаш Ајнтрахт Франкфурт ја изненади шпанската Барселона на „Камп Ноу“ и со убедлив триумф (2:3) се пласира во полуфиналето од второто по ранг клупско натпреаврување Лигата на Европа. Барселона делуваше немоќно наспроти расположениот бундеслигаш кпој беше понесен од околу 30.000 свои навивачи кои се најдоа на трибините на „Камп Ноу“.
Ваквата бројка на гостински навивачи е причина Барселона да покерене истрага како дошло до оваа распределба на влезниците кога на гостите им следувале според УЕФА само околу 5.000 влезници. На оваа тема зборуваше и тренерот на Барселона, Чави Ернандез кој изјави дека очекувал неговиот клуб да максимална поддршка од трибините.
-Впечатокот беше како да играме финале со поделени навивачи. Клубот отвори истрага. Тоа беше грешка од наша страна. Очекував на трибините да видам 70.000 навивачи на Барселона, но не беше така, изјави Чави после натпреварот.
Zoomt mal rein auf die Spieler.
OG slided durchs Camp Nou.
Nun habt ihr alles gesehen.
–––––#FCBSGE 2:3 | #SGEuropa pic.twitter.com/FOA78lV79V— Eintracht Frankfurt (@Eintracht) April 14, 2022
Како што сега стојат работите се поизвесно е дека Барселона ќе остане и втора сезона без голем трофеј затоа што во Примера заостануваат 12 бодови зад Реал Мадрид.