Експертскиот панел на Сеавус за Автоматизирано тестирање ќе се одржи на 18 април

Експертите на Сеавус за Автоматизирано Тестирање ќе дискутираат за трендовите, најдобрите практики, алатките и идеите што ја обликуваат работната средина на Automated Testing во 2022 година.
(Скопје, 15.04.2022) – Меѓународната компанија за развој на софтвер Сеавус, дел од групацијата Арикома, го најавува хибридниот настан во вид на експертски панел, што ќе се одржи на 18-ти април во кафулето Јавна соба (Public Room), со почеток во 17.30 часот. Настанот ќе биде пренесуван и онлајн, а ќе биде посветен на Автоматизирано Тестирање. Експертите на Сеавус за Автоматизирано Тестирање, на тркалезна маса ќе дискутираат за трендовите, најдобрите практики, алатките и идеите што ја обликуваат работната средина на Automated Testing во 2022 година.
Сесијата им се препорачува на сите инженери за автоматизирано тестирање. Темите што ќе бидат покриени преку интерактивна дискусија се: Топ алатки за тест автоматизација, типови проекти на кои работи Сеавус и типови на Automated Testing Frameworks. Сите кои се заинтересирани да присуствуваат треба да се пријават на следниов линк: https://codetalks.seavus.com/expert-panel-test-automation-in-2022

Учесници на панелот се експертите на Сеавус, Димитар Поп-Трпев – Сениор тест инженер, Виктор Петковски – Senior Quality Assurance инженер, Милјана Миличевиќ – Senior QA Automation инженер и Жаклина Стојнев – Lead testing инженер за банкарство и финансии.

Резервирајте го вашето место денес и искористете ја оваа одлична можност да научите нови работи, да ги подобрите своите вештини, да добиете одговор на сите прашања, како и да стекнете нови познанства и пријателства со некои од учесниците со кои го делите истиот интерес за Автоматизирано Тестирање.
Кандидатите кои до крајот на април ќе се пријават на отворените QA позиции и ќе станат дел од тимот на Сеавус, ќе добијат и sign-in бонус.
Со нетрпение ве очекуваме!

Треба да знаете
Последни објави