Македонската машка ракометна репрезентација в недела во Скопје ќе го игра реваншот од бараж-двомечот со чешка за пласман на СП-2023. На првиот меч испушти прилика да обезбеди победа и било каква предност за решавачките 60 минути во СЦ „Борис Трајковски“, бидејќи цел натпревар имаше водство кое во еден момент беше и седум гола предност (17:10), па на десетина секунди пред крајот дозволи на домаќините првпат да израмна и да се избори за реми (24:24). Победата ќе биде императимв за македонските репрезентативци и преполното гледалиште. Селекторот и капитен Кирил Лазаров и искусниот Филип Миркуловски ќе имаат дополнителен притисок, бидејќи се највува збогување од државниот дрес и посветување на тренерската работа, а тоа сакаат да го направат победнички и со пласман на СП.
-Ова е мојот последен натпревар во репрезентацијата, ќе има доста емоции, но ние сме професионалци. Ќе се обидеме да завршиме со ‘хепи енд’, да победиме в недела и да се пласираме на Светското првенство, вели Миркуловски.
Натпреаврот во Скопје нема да биде ништо полесен иако ќе ја имаат силната поддршка од полното гледалиште.
-Мислам дека за овој втор натпревар ќе бидеме подобро подготвени, бидејќи немавме гледано натпревари на противникот со новиот селектор Сабате, па сега ќе знаеме што точно нè очекува. Одигравме еден сосема добар натпревар во Чешка. Испуштивме 6-7 голови предност, тоа не смееше да ни се случи, но противникот покажа карактер. Знаеме дека се работи за квалитетна репрезентација, знаеме што нè очекува тука в недела и со помош на 7.000 навивачи да обезбедиме пласман на Светско првенство, додава Миркуловски.