На осумина обвинети за смртта на Марадона им се заканува казна затвор и до 25 години !

Аргентинското обвинителство после 15 месеци по смртта на Диего Армандо Марадона отвори обвинение против осум лица кои се осомничени убиство со умисла. Доколку се докажат сомнежите, обвинетитие можат да се соочат и со казни од 5 до 25 години затвор !

Марадона почина на 25. ноември 2020 година од срцев удар, само еден месец откако наполни 60 години и излезе од болница со хематом на главата. Обвинителството се сомневаше дека станува збор за смрт од небрежност и лоша здравствена нега.

Обвинети се неврохирургот Леополдо Луке, психијатарот Агустин Косачов, како и уште  психологот Карлос Дијаз, директорот на здравствено осигурување Ненси Форлини, здравствениот кординаторМаријано Пероно и медицинските сестри Рикардо Алмирон и Дахиана МадридПо собраните докази обвинителството заклучило дека седум од осум обвинети постапувале непромислено со што го зголемиле ризикот да дојде до кобниот настан кој и можел да се избегне.

Медиумите во Аргентина најавија дека во следните денови ќе биде познат и датумот за почетокот на судењето.

Треба да знаете
Последни објави