Се омажи Биба Додева, пејачката пак стапна на лудиот камен

Пејачката и претседателка на здружението „Борка“, Биба Додева повторно стапна на лудиот камен.

Пејачката успешно го крие својот приватен живот од јавноста, па среќната вест ја сподели нејзината блиска пријателка, поетесата Ана Бунтеска.

“Бибо моја, ви посакувам вечна љубов. Да се чувате и да си бидете столб еден на друг. Душава полна“, напиша поетесата на Фејсбук.

Додева вчера го прослави својот 47. роденден. Таа е мајка на ќерката Емануела и баба на внукот Александар, а зад себе има еден брак.

Треба да знаете
Последни објави