Џилијан Андерсон се надевала дека Бил Клинтон ќе ѝ се јави по „интимното запознавање“

Џулијан Андерсон – која ја портретира некогашната прва дама Елеонор Рузвелт, сопругата на претседателот Френклин Рузвелт, во серијата „Првата дама“ – откри дека се запознала со Бил Клинтон во текот на неговата претседателска кампања во раните 1990-ти на ручек во Холивуд Хилс, организиран во негова чест.

„Се запознав со Клинтон. Првпат го сретнав кога се кандидираше за функцијата. Тоа беше ручек во негова чест во нечија луксузна куќа во Холивуд Хилс. Тој го направи оној познат потег. Она кога ти ја подава раката и истовремено те фаќа за лактот,“ откри 53-годишната актерка во разговор со Џими Кимел.

Поранешната ѕвезда на X-Files („Досиеја икс“) се пошегува дека политичарот значајно ѝ кимнал со главата и дека кога се вратила дома ја проверила нејзината говорна пошта бидејќи искрено верувала дека ќе ѝ се јави.

На гости во вечерното ток-шоу „Џими Кимел лајф“, актерката додаде: „При запознавање, тој ја крева вашата рака малку нагоре, интимна ситница, воспоставува контакт со очите и потоа преминува на следната личност. Отидов дома, ова беше во времето на телефонските секретарки. Мислев дека сигурно ќе има порака од него!”

Треба да знаете
Последни објави