Брајтон по Арсенал го реши и Тотенхем

Составот на Брајтон направи уште едно пријатно изненадување во Премиер лигата и втора недела по ред сруши тим кој се бори за влез во Лигата на шампиони.

Минатата седмица избраниците на Потер славеа над Арсенал на „Емирејтс“ со 2-1, додека пак денеска исто така во Лондон го решија Тотенхем на негов терен со 1-0.
Тотенхам на својот стадион во Лондон имаше императив од победа и се очекуваше тимот на Антонио Конте да стигне до трите бода затоа што играат во добра форма и се борат за четвртата позиција и место кое води во ЛШ.

Домашниот состав одигра катастрофален меч и тоа во период во кој врза четири победи во низа, меѓутоа денеска апсолутно не покажаа Кејн, Сон, Кулушевски и компанија и за тоа беа казнети во самиот финиш на натпреварот.

Тросар го измести Даер и потоа рутински ја затресе мрежата на Љорис во 90 минута.

Останува да се види дали овој кикс ќе го искористат пред се Арсенал и Манчестер Јунајтед и на тој начин ја направат уште попеколна борбата за четвртата позиција на табелата.

Тотенхем сега е четврти со 57 бода, но има дури два натпревари помалку од Арснеал кој е петти со 54 бода. Вест Хем има 51 бод од 32 одиграни натпревари, а исто толку бодови и 31 натпревар има Манчестер Јунајтед.

Треба да знаете
Последни објави