Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Александар Петровиќ, го оцени како голем успех враќањето на неговиот тим во Јадранската лига, по синоќешниот триумф во полуфиналето од завршниот турнир на АБА-2 лигата во Скопје над Широки Брег со 75-71.
– Го вративме МЗТ во АБА лигата, во ваква атмосфера не се губи, честитки до играчите, до клубот, до публиката и тоа е тоа накратко. Мислам дека заедно направивме голема работа откако јас сум тренер и работам со овие играчи. Ова е голем успех за македонската кошарка, изјави тренерот Петровиќ.
Актуелниот македонски кошаркарски шампион се враќа во Јадранската лига по пауза од четири години, а за титула во АБА-2 лигата ќе игра против Златибор в недела во салата „Јане Сандански”.



